Aмандманската расправа за законот за јазиците се одложи

Сподели

Aмандманската расправа за Предлог законот за употреба на јазиците, која денеска требаше да почне е одложена.

Претседателот на Комисијата Артан груби објасни дека одложувањето е поради неприсуство на претставници од Министерството за правда и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата само беа усвоени записниците од претходните три седници.

Тој истакна дека за продолжение на расправата ќе информира денеска или утре, додавајќи дека се почитуваат роковите од Деловникот и оти очекува на да дојдат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.