Амбасадата на Велика Британија поддржува професионалност и непристрасна правда

Сподели

 

Амбасадата на Велика Британија, поддржува професионалност и непристрасна правда, бидејќи е важно за граѓаните на Северна Македонија и е клучен услов за ЕУ, одговорија од амбасадата на прашањето на „Порталб.мк“, за став во однос на ветингот на судиите.

„Доколку Владата реши да го усвои овој пристап, земајќи ги предвид гледиштата на клучните засегнати страни, и доколку е се побара од нас, можеме да ги обезбедиме потребните информации и екпертиза“, велат од амбасадата.

Од таму додаваат дека „Велика Британија веќе значително придонела во програмите за владеење на правото за силен и ефикасен правен систем во Северна Македонија, кој обезбедува еднаква примена и пристап до правдата.“

„Реформите во административните судови ќе придонесат до поглолема заштита на лица и бизниси. Имплементацијата на „Judicial Indicator Matrix“ за Јавното обвинителство ќе помогне во мониторинг на имплементацијата на Стратегија за реформа на судството и ќе биде употребен како целосен дијагностички центар за овој сектор. Велика Британија исто така ги поддржува граѓанските организации детално да следат и да се вклучат во следење на активностите на Судскиот совет и Државната комисија за спречување на корупцијата за подобрена транспарентност, одговорност и перформанси. На крајот од оваа година Велика Британија исто така, ќе лансира нова регионална иницијатива за владеење на правото, инвестирајќи уште 20 милиони фунти од Светска банка“, велат од британската амбасада.