Вести Македонија

Американската амбасада демантира за вмешаност во работата на ДИК

Сподели:

Aмериканската амбасада денеска ги демантираше медиумските извештаи дека амбасадорот Џес Бејли се меша во работата на Државната изборна комисија.

-„Со загриженост го забележуваме ова неточно известување, кое тврди дека американскиот амбасадор се меша во работата на Државната изборна комисија. Ова не е време за објавување лажни вести или заговори. Амбасадорот на САД не се сретнал со претставници на ДИК, не ја посетил Државната изборна комисија ниту, пак, интервенирал кај некој од членовите на ДИК. САД ги поддржува правата на граѓаните на Република Македонија во демократски процес кој е отворен, транспарентен и одговорен. Ова вклучува и разгледување на жалбите и на приговорите, во согласност со македонските закони“, стои во изјавата на Амбасадата на САД.

Сподели: