Денеска во Основниот Кривичен суд заврши судењето за предметот „Организатори на 27 април“ и се уважи амнестијата на обвинетите Миле Јанакиески, Трајко Вељаноски, Спиро Ристески и Владимир Атанасовски.
Тие беа обвинети за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок, во врска со нападот во Собранието на 27 април 2017 година.
Барањето за примена на амнестија поднесена од обвинтетите Трајко Велјановски, Спиро Ристески, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски се уважува. Се запира кривичната постапка поведена со обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 31.05.2019 година за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност од член 313 од Кривичниот закон“. Во Законот за амнестија во одредбите, има сврзник според кој Јавното обвинителство и Апелација сметаат дека овие обвинети не се лица кои постапувале спротивно на службените овластувања при вршење на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок“, изјави судијата Илија Трпков.
