Вести Македонија

Апликацијата за проверка во избиричкиот список денеска со технички проблеми

Сподели:

glasane

Апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за граѓаните кои ќе гласаат во избирачките места на територијата на Република Македонија веќе е функционална и достапна, информираат од ДИК.

Од ДИК информираат дека  од утре (вторник) ќе биде достапна и апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за лицата кои ќе гласаат во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии во странство.

Денеска ДИК имаше одредени технички проблеми со апликацијата за проверка на граѓаните во Избирачкиот список.

„Техничките проблеми немаат никакви последици ниту влијание врз Избирачкиот список, организацијата како и врз спроведувањето на претстојното гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија“, велат од ДИК.

Сподели: