Арсовска на средба со претставници од Сојузот на турските невладини организации

Сподели

 

Градоначалничката Арсовска оствари средба со Претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија Хусрев Емин и извршниот директор Мехмед Ариф, со кои разговараше за можностите за билатерална поддршка и соработка, како и за интензивирање на инвестициите во скопскиот регион од Турција.

 

 

Писателката Лејла Шериф Емин, добитничка на годишната книжевна награда за книгата “Мост меѓу националностите”, со посвета на градот и подари дел од своите збирки поезија на градоначалничката Арсовска во кои главна тема е градот Скопје.