Вести Македонија Ударни вести

Арсовска: Пријавена уште една компанија подложена на рекет

Сподели:

 

Уште еден бизнисмен кој е член на Сојузот на стопанските комори на Македонија, пријавил дека бил подложен на рекет, а претседателката на ССК Данела Арсовска побара брза разрешница на случајот.

-“Ова што го слушаме навистина е нешто што ја раздрма деловната заедница. Брза разрешница е нешто што ќе ни влее малку доверба дека она што го зборуваме во изминатата година континураино, дека без владеење на правото, заштита на сопственоста и без некој да се грижи за луѓето што инвестираат, креираат работни места во земјава не можеме ништо да направиме и да постигнеме па ниту и да се трудиме да кажеме дека оваа или која било година ќе биде економска година”, изјави Даниела Арсовска.

Сподели: