Азилантот Груевски го изгуби правото на пратеничка плата

Сподели

Денеска пратениците во Собранието со 52 гласа „за“ и 2 воздржани ги изгласаа измените на законот за пратеници со кои на поранешниот премиер во бегство Никола Груевски ќе му се укине пратеничката плата. Со усвоеното законско решение се предвидува ако пратеник е осуден на казна затвор подолга од 6 месеци да го изгуби правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница посочија дека измената е неуставна.

Никола Груевски, со новото законско решение нема дадобива повеќе пратеничка плата, затоа што е правосилно осуден на две години казна затвор поради незаконската набавка на луксузниот автомобил „Мерцедес “ во предметот на СЈО „Тенк“.