Барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски вратен и повторно доставен до Собрание

Сподели

Спикерот Џафери го врати барањето од кривичен за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски, бидејќи судот се повикал на погрешен член.

“Од моментот кога барањето ќе биде повторно поднесено, подготвени сме да постапиме според сите рокови утврдени во Деловникот за работа на Собранието”, изјавија од Собранието.

До Собранието веќе е пратено и коригирано барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски но сѐ уште не е стасано до претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски, кој треба да ја закаже седницата.

Во меѓувреме од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека притворот за екс министрите Ристоски и Јанакиески и барањето за симнување на имунитетот на поранешниот собраниски спикер Вељаноски е политички процес и измислица пред изборите. Побараа државен јавен обвинител по предлог на опозицијата.