Вести Македонија Ударни вести

Бебето родено со 690 грама по три месеци заминува дома

Бебето Инара денеска, после три месеци замина дома од престојот на одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за гинекологија и акушерство. 

Инара е родена на 27 април годинава, предвреме во 28 гестациска недела со само 690 грама, а денеска е испишана со 2.120 грама телесна тежина. Таа е во добра здравствена состојба. Горд сум на тимот лекари и медицински сестри кои секојдневно ја следеа нејзината состојба и заеднички ги надминаа сите предизвици! Браво! 

Имаме стручни здравствени работници за кои се грижиме и контиунирано им ги подобруваме условите за работа.

Сподели: