Вести Македонија Ударни вести

БЕГ: Сметките за парно нема да се плаќаат преку „Пошта“, да се користат други начини

Сподели:

БЕГ ги известува своите  потрошувачи дека, како резултат на новонастанатата состојба со Еуростандард банка, нема да можат да вршат уплати на фактури за топлинска енергија и други услуги на БЕГ преку експозитурите на банката и поштенските единици на „Пошта“ која ја извршуваше оваа услуга во име на банката.

Фактурите за топлинска енергија и други услуги на БЕГ потрошувачите можат да ги платат на следните начини:

  • онлајн плаќање без провизија со користење на услугата BegEPay (Плати сметка) за електронско плаќање на веб страната https://beg-snabduvanje.com.mk/
  • плаќање без провизија, во наплатните центри на БЕГ
  •  користење на траен налог
  •  плаќање во сите други банки
Сподели: