БЕСА: Судовите ќе бидат целосно независни и објективни во многу блиска иднина

Сподели:

„Одлуката за прераспределбата на судиите на кривичниот суд претставува скандалозна интервенција на владејачките партии во судскиот систем во Република Македонија.

Судиите, кои досега решиле за случаите на Специјалното Јавно Обвинителство и нивната замена со судии кои се знае дека се блиски со владејачката партија, претставува не само флагрантно кршење на автономијата на судовите, туку и директен упад во работата на единствената кредибилна институција во правниот систем – СЈО.

Движењето БЕСА гарантира дека пратформата Редефинирање предвидува и реформирање на целиот правен систем, особено на судовите, и сето ова во корист на правдата без можности за политизација и исклучиво во корист на граѓаните.

Судовите ќе бидат целосно независни и објективни и ова ќе се случи во многу блиска иднина. Во оваа прилика, уште еднаш го изразуваме нашиот став и нашата безрезервна поддршка за продолжување на работата на СЈО додека да се постигне целосна декриминализација на државниот систем“, се вели во соопштението на Движењето БЕСА.

Сподели: