Вести

„Би-би-си“: Тереза Меј в среда ќе биде именувана за нов премиер на Велика Британија

Сподели:

terea-mej

Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј в среда навечер ќе биде именувана за нов премиер на Велика Британија, откако истиот ден актуелниот премиер Дејвид Камерон ќе ја депонира својата оставка, јавува „Би-би-си“.

Во изјава дадена надвор од премиерската резиденција на Даунинг стрит 10, Камерон рекол дека в среда на кралицата ќе и ја понуди својата оставка во Бакингамската палата.

Тереза Меј остана единствен кандидат за нов лидер на Конзервативната партија, а со тоа и за нов премиер на Велика Британија, откако нејизната противкандидатка, министерката за енергетика Андреа Лидсом денеска соопшти дека се повлекува од трката.

Камерон, кој е премиер од 2010 година соопшти дека ќе се повелече од фукцијата веднаш по референдумот на 23 јуни на кој британците гласаа за излегување на земјата од Европската Унија.

Тој најавил дека последниот состанок со неговиот кабинет ќе го одржи утре.

meta,mk

Сподели: