Вести Македонија Ударни вести

Бислимовски: БЕГ ја загуби лиценцата за парно греење

Сподели:

 

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност и вршење на производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ производство, соопшти претседателот на РКЕ, Марко Беслимоски. За оваа одлука ќе биде запозната и Владата, која со соработката со Министерството за економија е должна да организира тендер. Беслимоски напомена дека очекува во наредниот период сите овие рокови за организирање на јавниот повик да бидат кратки, се со цел да завршат навремено и да се избере нов вршител на енергетската дејност производство на топлинска енергија.

 

„Оваа одлука значи дека Друштвото за производство на топлинска енергија ‘Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје’ повеќе нема лиценца за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител. Сѐ до завршувањето на процедурата БЕГ законски е обврзана да ја врши јавната дејност – производство на топлина, по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката спроведена од Владата. Ова е една од трите лиценци што ги има БЕГ. Поднесени се барања за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки“, рече Бислимоски.

Воедно тој појасни дека скопјани нема да останат без парно.
 

-Нема да има никаков прекин во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје, бидејќи во нашата одлука е наведено дека оваа компанија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нов вршител на оваа енергетска дејност, кажа тој.

Сподели: