Бизнисмените очекуваат институциите да функционираат и да се реши кризата

Сподели

Домашниот бизнис во текот на 2016 година, поради политичката криза и нефункционирањето на институциите, изгуби драгоцено време и можност да оствари позначителен пораст.

Ова, меѓу другото, беше кажано на дискусијата на седницата на управниот одбор на Организацијата на работодавци на Македонија (ОРМ), на која се оценуваше годината што изминува и воедно се даваа предлози што ќе бидат доставени до Владата и до синдикатите, на разгледување и на усвојување во текот на 2017 година.

– По изборите, сите ние посакуваме и очекуваме многу бргу институциите да почнат да функционираат со полн капацитет за да можат да се стават на дневен ред и да се усвојат нашите предлози, кои произлегуваат од прироритетите и од потребите на бизнисот. Дококу се случи тоа, убедени сме дека ќе дојдеме до решенија со кои ќе се зголеми конкурентноста, ќе се отворат нови работни места и нови перспективи за развој на компаниите во значајни сектори, како што се туризмот, земјоделството, преработувачката индустрија и други гранки. Во спротивно, следниот декември ќе зборуваме за уште една загубена година – изјави претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Работодавците дадоа предлози за нов модел за плаќање на придонесите за сезонските работници, а предложија и мерки со кои ќе се стимулираат младите работоспособни луѓе да не заминуваат од земјата.

meta.mk