Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“

Сподели

 

Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.

– Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации – се вели во образложението на декларацијата изгласано од Советот на овој бугарски град.Истото го потврди советникот Кирил Илиев од ГЕРБ, кој изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

Од македонска страна засега ја регистриравме изјавата на Јована Мојсовска од Левица, која преку социјалните мрежи го осуди однесувањето на локалната власт на Благоевград.

– Благоевград усвоил декларација со кој се спротивставува на отворање на клубот кој го носи името на Никола Вапцаров. Додека ги глорифицира фашистичките крвници Ванчо Михајлов, на Бугарија и’ пречи Вапцаров кој бил поетски великан и социјалист (стрелан од фашистичката влада). Антимакедонската политика на Бугарија е сведена на антисоцијализам – објави Мојсовска на социјалните мрежи.