Бојмацалиев со честитка по повод 43 години постоење на САЕ Тигар

Сподели

 

Денеска одбележуваме 43 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица Тигар – непрекинат напредок и успех во гарантирањето на безбедноста и редот во нашата земја.

Специјалната антитерористичка единица – Тигар, претставува пример за високо ниво на обученост и професионализам, со подготвеност да се справи со секој предизвик што може да го загрози безбедноста на нашата земја и граѓаните. Единицата е резултат на заедничките реформски напори за целокупно унапредување на Министерството за внатрешни работи, вклучувајќи технички, материјални, професионални и организациски аспекти, согласно стандардите на НАТО и ЕУ.

 

 

“Почитувани припадници на САЕ Тигар,

Вашите посветеност, обученост и способност да реагирате во најтешки ситуации ве прават да бидете нашиот најголем адут во борбата против криминалот и тероризмот. Одлучноста да работите како тим дава резултати признаени на меѓународно ниво.

Со секоја оперативна активност ги демонстрирате вашите способности и ангажман за одржување на мирот и стабилноста во нашата земја, особено преку „Безбеден град”, со што покажавте дека македонската полиција е чекор пред криминалците.

Во свое и во име на мојот тим во МВР оддавам признание за тоа дека вашиот пример на храброст и посветеност е историски.

Да живее САЕ Тигар! Да живее македонската полиција! Да живее Република Северна Македонија!”