БРАВО ЕВН – ЏЕЛАТ НА СКОПСКОТО ЗЕЛЕНИЛО!

Сподели

Денес, среда (9.мај – Денот на победата над фашизмот), во раните утрински часови, дирекцијата на ЕВН-Скопје, непосредно до грчкиот конзулат, успеа да ликвидира опасен државен непријател! Прекрасно тукушто раззеленето и разгрането дрво засадено на тротоарот пред нивната железна ограда, беше смртно застрелано до корен од немилосрди електрични пили.

 

 

На протестите на околните станари, службениците од ЕВН објаснија дека тоа било во духот на европските прописи. Дрвото правело голема сенка и пречело на нивните паркирани возила. Премногу зеленило во Скопје било штетно за неговите граѓани!

 

 

Честитки за директорот на ЕВН: Неговата рурална свест надвладеа над градските урбанистички стремежи!