Вести Македонија Ударни вести

Чешките приориоритети во Парламентот

Сподели:

 

На денешната 41-ва седница на Комисијата за европски прашања, со која  претседаваше претседателот на Комисијата,г. Арбер Адеми, беа претставени Програмата и Приоритетите за работата на Чешкото претседателство со Советот на Европската унија за втората половина на 2022 година.
 
Амбасадорот на Република Чешка во нашата земја,Н.Е Јарослав Лудва за чешкото претседателство со ЕУ, кое  официјално започна на 1 јули, истакна дека Чешка ќе се фокусира на војната  во Украина и последиците од неа и во тој контекстќе биде насочено кон управувањето со бегалската криза и повоената обнова на Украина.Тој, исто така, како важни приоритети ги посочи и состојбата со безбедно снабдување со енергија, во смисла на намалување на зависноста од руските фосилни горива и брз премин кон зелената агенда, потоа зајакнувањето на европските одбранбени капацитетии безбедноста на сајбер просторот, стратешкатаотпорност на европската економија кон глобалните предизвици и зајакнување на демократските институции, со цел оддржување и развој на демократијата и владеењето на правото.
 
За процесот на проширување на ЕУ, нагласи дека Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, и во таа насока, беше потврденасилната поддршка за отпочнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.
 
 
 
 
На седницата свои обраќања имаа и Шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, г. Дејвид Гир, како и вицепремиерот за европски прашања г.Бојан Маричиќ.
 
Евроамбасадорот Гир истакна дека државата веќе ги има исполнето условите за отворање на преговорите, така што следниот чекор што треба да се направи е да напредува кон отворање на пристапните преговори.Притоа, посочи дека сега е моментот државата да испорача реформи, со цел земјата да чекори успешно кон зачелнување во ЕУ.
 
Вицепремиерот Маричиќ, истакна дека во овој исклучително сложен процес,владата државнички и одговорно се справи со сите предизвици со кои се соочуваше во текот на дијалогот со Бугарија и Европската Унија, при што успеа да го заштити македонскиот јазик и идентитет, во сите документи кои беа јавно објавени, вклучувајќи го и Протоколот.Граѓаните тоа го бараат тоа од нас, бидејќи потребни ни се европски вредности, кои подразбираат владење на правото, успешна борба против корупцијата и создавање на економски услови за пристоен живот во земјата
 
Претседателот на Комисијата за европски прашања, г.Арбер Адеми, истакна дека евроинтегративниот процес бара единство  на сите политички партии,не само декларативно, туку и на дело, ако сакаме  да стигнеме до целтта, да бидеме  членка на Европската унија.Граѓаните тоа го бараат, бидејќи потребни ни се европски вредности, кои  подразбираат владеење на правото, успешна борба против корупцијата и создавање на економски услови за пристоен живот во земјата. Адеми се заблагодари  за  Чешката поддршка на европската интеграција на Северна Македонија, особено во  рамките на Вишеградската група, каде се залага за приклучување на земјите од  регионот на Југоисточна Европа и Западен Балкан во политичкиот и економскиот систем на Европската унија.
 
Во расправата по темата учествуваа пратениците:Миле Левков, Славица Тасевска, Халил Снопче, Фадиљ Зендели и,Соња Мираковска и Гордана Сиљановска-Давкова.
 
Во нивните дискусии беа изречени  предлози и забелешки  за унапредување на  процесот на зачленување на земјата во насока на постигнување на инклузивност на процесот  со взаемно учество на позицијата и опозицијата како неопходност во овој процес.Посебно беше истакната потребата за активно вклучување на Парламентот во процесот, преку Комисијата за европски прашања и Национслниот совет за евроитеграции  со кој раководи опозицијата.
 
На Комисијата за европски прашања присуствуваа и претставниците и членовите на Националниот совет за евроинтеграции и членовите на Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет РСМ-ЕУ, како и  на дипломатскиот кор и медиумите.
 
Сподели: