Вести Македонија Ударни вести

Честитка од претседателот Џафери за католички Божиќ

Сподели:

 

“Дозволете од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на РС Македонија, по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ да упатам искрени честитки до сите граѓани кои го прославуваат празникот по грегоријанскиот календар.

На овој значаен празник кој има моќ да обединува, со мојата порака посакувам универзалните вредности кои произлегуваат од секој празник – љубовта, споделувањето, милосрдието и меѓусебната почит, да Ви донесат добро здравје, напредок, внатрешен мир и да бидат причина за многу радости. Пред сè, посакувам овие вредности да бидат водилка во градењето на нашата заедничка иднина, со добри и позитивни мисли.

Почитувани граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот и да Ви посакам празничните денови да ги поминете опкружени со вашите најблиски, во топлината на вашите домови исполнети со духот на празникот” – порача претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Сподели: