Вести Македонија Ударни вести

Чествување на 2-ри aвгуст, Ден на Републиката – Илинден

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 2-ри Август – Ден на Републиката, Илинден, денеска положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце.

 

 

Делегации од Кабинетот на Претседателот денеска беа дел од настаните за чествување на Илинден во Крушево, Смилево и Скопје.

Делегации од кабинетот положија свежо цвеќе на:

 

 

– гробот на Никола Карев – Македониум, на споменикот на хероите на месноста Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република во Крушево;

– споменикот на АСНОМ, на споменикот на Никола Карев, на споменикот на Методија Андонов-Ченто и на споменикот Сила, Слава и Победа – тврдина Кале во Скопје;

 

 

– споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Партизанскиот одред „Даме Груев“ во Смилево.

Сподели: