Четврта фаза од терестрична дезинсекција против комарци

Сподели

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 14 до 18.08.2023 година (од понеделник до петок) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира четвртата фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.