Вести Македонија Ударни вести

Д-р Крстески: Договорена соработка на Архивот со Стопанската Комора

Сподели:

 

На денешната работна средба меѓу директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и извршниот директор на Стопанската комора, м-р Антони Пешев, официјално беше договорена соработка меѓу овие две државни институции.
 
 
 
 
Притоа е усогласено мислењето дека наскоро треба да биде потпишан и Протокол за соработка во областа на заштитата и транспарентноста на значајните документи и материјали од нашите институции кои се однесуваат на економско-стопанскиот развој на Македонија, од почетокот на минатиот век до денес.
 
“Ова е значаен проект што треба да се реализира во наредните неколку години и да послужи како валидна основа за идни севкупни научни истражувања и анализи за историско-економскиот развој на Македонија” – е заедничкиот заклучок на двајцата директори, Пешев и Крстески.
Сподели: