Д-р Крстески на Годишен состанок на Архивскиот Комитет на НАТО

Сподели

 

Во седиштето на НАТО во Брисел, се одржува годишниот состанок на Архивскиот комитет на НАТО (2 и 3 јуни), на кој учествува и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески како полноправен член на овој Комитет од пред една и пол година.
 
 
 
 
На состанокот се расправа за процедурите за заштита и достапност на оперативните записи во рамките на Алијансата, за нивното чување и значење и на национално ниво, за значењето на стратешките документи поврзани со мировните мисии на НАТО во Авганистан, Ирак и на Балканот (1992-1996), како и за долгорочните вредности на политиките на НАТО.
 
 
 
 
За предизвиците на архивската дејност и за можноста од поинтензивна соработка, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески разговараше со раководителката на НАТО Секторот за архивистика и информирање, Инеке Десерно, а тој се состана и со нашиот амбасадор на Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО, д-р Дане Талески.