Д-р Крстески на годишна сесија на Архивскиот Комитет на НАТО

Сподели

 

Во седиштето на НАТО во Брисел, во тек е тридневна сесија на Архивскиот комитет на Алијансата, на која присуствуваат и директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и раководителката на Секторот за меѓународна соработка, Светлана Успрцова.
 
 
 
 
 
На работилницата се разгледуваат повеќе теми посветени на системите за заштита на архивските НАТО документи и на нивната класификација, со посебен осврт врз Мисијата на КФОР и на проектот за дигитализација на документите на Лигата на народите, од нејзиното основање во 1918 година, па се до 1945 година.
 
 
 
 
 
На состанокот е презентирана и Платформата на организираноста и функционирањето на Архивот на Обединетите нации во Женева и соработката со Архивскиот комитет на НАТО, како и искуствата на САД и Франција во врска со заштитата на документи во чекор со новите технологии и системи и вештачката интелигенција.