Вести Македонија Ударни вести

Д-р Крстески: Пристигна втората половина од опремата за дигитализација на Архивот

Сподели:

 

 

-“Компјутеризацијата е речиси комплетно реализирана во Државниот архив. Останува да се доврши тој процес и во деветте одделенија низ земјава. Ова е крупен чекор во работата на Државниот архив и значаен дел од процесот на дигитализацијата на архивските материјали, кој што наскоро треба да започне да се реализира со голем интензитет” – вели директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

Инаку, Државниот архив се опреми со: 34 компјутери, 4 лап топа, 4 мрежни А4 ласерски печатари, 2 мултифункциски А3 ласерски печатари, 1 мултифункциски А3 инкџет печатар. Со тоа ќе се олесни работата во Архивот и пристапот до архивските документи.

 

 

Државниот архив со модерна опрема на чекор до дигитализација.
Граѓаните добиваат архив со европски стандарди.
Вработените добиваат нова опрема и подобри услови за работа.

Сподели: