Данела Арсовска положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите

Сподели

 

Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, делегација од Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите. Скопје денеска одбележува 79 години од Денот на ослободувањето во Втората светска војна.
 
На овој ден се сеќаваме и оддаваме почит на нашите сограѓани кои во тоа студено ноемвриско утро пред 79 години храбро застанаа на браникот на слободата и го ослободија нашиот град од фашистичкиот окупатор. Нивниот пример, пожртвуваноста и идеалите за слобода и еднаквост сеуште се водилка на нашиот пат кон подобра и посветла иднина за сите. Скопје оттогаш живее и се развива во слобода, а чувајќи го аманетот на скопските партизани ние го градиме како град на солидарноста, хуманоста, инклузивноста и единството, како град пример во сферата на образованието, иновативните технологии и културата.
Во чест на сите наши сограѓани кои ги положија своите животи за ние денес да живееме во слобода, нека ни е честит овој голем празник за Скопје -денот на неговото ослободување.
 
По повод одбележувањето на 13 Ноември, голем број делегации денеска, положија цвеќиња на партизанските гробишта и пред Споменикот на ослободителите.