Денеска АРМ ќе испука 10 плотуни по повод Денот на независноста

Сподели

 

По повод 8. Септември – Денот на независноста на Република Македонија, денеска ќе биде извршена почесна артилериска стрелба.

Стрелбата ќе биде извршена од единица на артилерискиот баталјон на АРМ.

Единицата на АРМ во 18 часот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба на 10 плотуни од артилериски орудија.