Денеска ќе се одржи првата седница на Владата

Сподели

Новата Влада денеска ќе ја одржи првата седница. На официјалната веб-страница нема објавено што ќе биде на дневен ред. Според досегашната практика, се очекува една од точките да биде именувањето на кандидатите за функционери од вториот и третиот ешалон.

Новата Влада досега беше иницијатор за измени на повеќе закони, со кои се укина екстерното тестирање, се продолжи мандатот на градоначалниците до средината на октомври за кога се закажани локални избори.