Денеска почна второто полугодие од учебната 2022/2023 година

Сподели

 

За основците и средношколците денеска почнува второто полугодие од учебната 2022/2023 година.

Со одлука на Владата, зимскиот распуст беше продолжен и почетокот на наставата одложен од 18-ти на 23 јануари заради функционалност на училиштата.

Учебната година ќе заврши на 14 јуни, наместо на 9 јуни (петок), затоа што, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.