Денеска сeдници на пет собраниски комисии

Сподели

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и за надворешна политика.

На Комисијата за транспорт, врски и екологија, има 11 точки, меѓу кои:  Годишниот изештај за работа на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2015 година, одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година, Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2017 година, Годишен извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2016 година и други.