Денеска средба на партиите од албанскиот блок

Сподели

 

Денеска, на иницијатива на Алијансата за Албанците, ќе се одржи заедничка средба на политичките партии на Албанците, на која ќе се разгледаат сите опции околу можноста за формирање на новата влада.  Средбата ќе се одржи во  13 часот во хотел Арка во Скопје, и се очекува до вечер да се има појасна слика за натамошноот финиширање на потписите за парламентарното мнозинство за нова Влада.

-“Тоа се исти материјали за коишто дискутиравме. Верувам дискутирале и со ВМРО ДПМНЕ сега дискутираат и со нас. Доцна синоќа негде пред полноќ стигнаа материјалите, работните групи го разгледуваат материјалот и штом ќе имаме некакви информации веднаш ќе ве известиме. Она што сакам да и го кажам на јавноста, можеби ќе се повторам, за нас е се прифатливо што е во рамките на Уставот и сето она коешто претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница, секако имајќи го во предвид и аспектот на потребата на граѓаните и од другите малцински заедници. Тие две рамки уставно да биде издржано и одржливо и практична потреба на граѓаните сето тоа ја претставува рамката на разговорите и јас верувам дека ќе успееме да изнајдеме решение”, порача вчера лидерот на опозцијата и претседател на СДСМ Зоран Заев.