Денеска во судот главна расправа за „Титаник“

Сподели

Денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжува рочиштето за предметот „Титаник“ на СЈО ,во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Судија во „Титаник“ е Осман Шабани, а СЈО го застапуваат обвинителите Лиле Стефановска и Љубомир Лапе.