На скопскиот аеродром слетаа првите авиони на ново воведените линии Барселона – Скопје и Лион – Скопје. Директни летови од Шпанија, Барселона 2 пати неделно и од Франција, Лион 3 пати неделно.
Политиката на субвенции што ја води Владата и Министерството за транспорт ги даваат првите резултати. Нови дестинации, за уште многу патници на скопскиот и охридскиот аеродром, нови можности, развој на бизниси, повеќе туристи.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми.
Скопје директно се поврза со Париз, со нова авионска линија Скопје-Париз (аеродром Орли).Се воведе нова авио линија Охрид-Истанбул.После 12 години повторно се врати линијата Скопје-Амстердам.
Нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија. Две нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје и тоа: Скопје -Женева, која ќе започне да оперира од 3 ноември 2025 и Скопје-Париз (аеродром Орли). Претходно се потпишаа и договори за воведување на линиите: Охрид – Истанбул,Охрид – Базел Мулхаус,Скопје – Дубаи,Скопје – Штутгарт, информираат од ВМРО-ДПМНЕ,
