Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски

Сподели

 

Министерството за правда најдоцна утре ќе ги испратени документите до Унгарија за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски. Како што рече  Дескоска, преведени се сите обвининија и сите истраги кои се водата против Груевски, пренесува Телма. Во исто време утрово во Будимпешта медиумите објавуваат дека неофицијално дознаваат дека на Груевски му е одобрено барањето за политички азил. Дескоска за ова вели дека се уште нема информации.