Џафери ја продолжува традицијата за Ифтарска вечера

Сподели

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери, вчера беше домаќин на традиционалната Ифтарска вечера по повод светиот месец Рамазан.

 

 

На вечерата, покрај претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, присуствуваа и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите, пратениците и претставниците на политичките партии во законодавниот дом, Помеѓу присутните беа и Реис ул Улемата на Исламската верска заедница, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан и католичкиот бискуп, Монсињор Д-р Киро Стојанов.

 

 

“На вечерата се следеше вообичаениот ифтарски протокол на кој што се веќе навикнати и претставниците на другите верски заедници, а токму тие различни ритуали и придаваат на оваа вечера необична убавина и духовна сплотеност. Седнувањето на сите гости на заедничката трпеза, и тоа како има моќ на обединување а воедно е и одличен пример кој што треба да им биде показател на сите граѓани дека заедно можеме, и да гладуваме, и да јадеме, и да се насмееме и да си ги споделиме тешкотиите. Токму така како што правеле и нашите предци на овие простори. Иако времетраењето и начинот на постење се разликува со тоа што Велигден е неколку дена пред Рамазан Бајрам, сепак има доволно време за и православните, и исламските и католичките верници да се прочистат физички и духовно, да ја демонстрираат солидарноста и сочувството на дело, да споделат убави мисли и пораки на взаемна почит и разбирање, со еден збор, да станат подобри луѓе за себе и за сограѓаните. “Тоа беше и пораката што ја упати претседателот Џафери посакувајќи им на присутните гости добро здравје, душевен и семеен мир и благосостојба.