Вести Македонија Ударни вести

Џафери: Нема да ставам потпис наместо Иванов на Законот за јазиците

Сподели:

-“Нема да се впуштам да ставам потпис на нечие друго име”, вели претседателот на Собранието Талат Џафери за тоа дали негов двоен потпис е варијантата која ќе се користи за објавување на Законот за употреба на јазиците во Службен весник.

Претседателот на Собранието вели дека се бараат решенија за Законот. Според него решенија постојат, но сега се анализира кое ќе биде најприкладно. Тој вели дека нема рокови за Законот, оти после второто носење не се пропишани рокови, има само обврска претседателот на државата да го потпише. Џафери усно побарал средба со Иванов, но не добил одговор.

– Излезни решенија има, тие се анализираат. Кое ќе биде поприкладно со она што е функцијата на парламентот треба да се спроведе – вели Џафери.

 

Меѓутоа, Џафери напомена дека според Уставот, Иванов е должен да го потпише Законот за употреба на јазиците, во спротивно како што вели, се повредува членот 8 од Уставот цо кој е направена поделба на законодавната, извршната и судската власт.

– Според поделбата на власта претседателот спаѓа во извршната. Ни по еден основ тој не може да се вклучи во законодавната. Ниедна власт не може да го спречи законодавниот дом да носи закони – потенцира претседателот на Собранието.

Тој се надева дека од следната недела пратениците од опозицијата се враќаат во Собрание, оти како што вели, аргументот што го користеле со притворените пратеници, сега е исполнет, тие се во домашен притвор, па немаат веќе зошто да го бојкотираат Парламентот.

Сподели: