Џафери со честитка по повод Св. Климент Охридски: Нека е честит и вековит празникот!

Сподели

 

По повод празникот Св. Климент Охридски, претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери упати честика до сите граѓани на Република Македонија.

“Дозволете ми, од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да го честитам 8. декември, празникот Свети Климент Охридски на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква и на сите припадници на православната вера.

Знаењето, просветувањето и просветлувањето на умот биле водилка за Свети Климент Охридски кој работел неуморно на продолжувањето на мисијата на светите Кирил и Методиј, во создавањето на Охридската книжевна школа и Охридската Архиепископија, а не помалку вредна за чествување е и неговата преведувачка дејност. Тој верувал дека само така може да го изрази своето човекољубие и да даде придонес во облагородувањето на човештвото.

Почитувани граѓани, ви посакувам убав празничен ден, исполнет со душевен мир и семејна топлина, со верба и надеж дека сите знаеме како меѓусебно да се почитуваме, сакаме и можеме да бидеме подобри луѓе, вредни граѓани на заедницата и одличен пример за регионот и светот.

Нека е честит и вековит празникот!” – изјави Талат Џафери.