Вести Македонија Ударни вести

Дигитализација и промовирање на охридското културното наследство

Сподели:

 

Охридското културно наследство ќе се дигитализира и промовира во рамките на проектот „Интер – регионално управување со културното наследство Е – Систем“ (Inter-Regional Cultural Heritage Management e – System). Општина Охрид учествува во регионалниот проект, чија главна цел е преку дигитализација на културното наследство да се развива културниот туризам и да се едуцираат младите и туристите за значењето на културното наследство.

Покрај Охрид, во проектот учествуваат општините Валона, Самос и Крф како места кои се од голем интерес за УНЕСКО. Дигитализацијата на културното наследство ќе се врши со примена на иновативен електронски систем за дигитализација на наследството, кој доби европска награда за иновативност.

Овој проект е дел од програмата „Interreg Balkan – Mediterranean 2014 – 2020“ на Европската Унија. Проектни партнери се истражувачкиот и иновативен центар за информации, комуникација и технологии „Атина“ од Атина, општините Самос и Крф од Грција, „ЕЛЕТ-општество за околинско и културно наследство“ од Грција, општина Охрид од Северна Македонија и општина Ѓирокастро од Албанија. Водечки партнер на проектот е Универзитетот за технологија од Кипар.

Сподели: