Вести Македонија Ударни вести

Дигитализацијата може да ја стави Македонија на светската дентална мапа

Сподели:

 

Концептот за SMART DENTAL ENTITIES за масовна дигитализација на денталниот сектор на Комората на приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија е прогласен за најдобар проект на 21 век во регионот на престижната меѓународната манифестација „Најуспешна жена и најуспешен маж на 21 век“ која се одржа на 24 октомври во Белград во организација на Здружение на најуспешен стопанственик. Стоматолошкиот сектор во нашата земја има голем потенцијал за развој и напредок, а во текот на својот историски развој бележи период на сериозни достигнувања, што може да биде повторно постигнато со забрзана имплементација на дигиталните решенија. Во последните години дигитализацијата го менува светот и сериозно навлезе во сите дентални сегменти.

Претседателката на Комората за приватно здравство и потпретседател на Сојузот, д-р Тања Дејаноска која е коавтор на проектот е добитник на Награда за значајни дентални услуги и посветеност на развој на вештачката интелигенција во стоматологијата, додека Татјана Велиновска Димовска исто така коавтор на проектот се закити со признание за најдобар лидер за претприемничка креативност во денталниот сектор.

„Дигиталниот начин на работа допринесе она што претходно се работеше мануелно или аналогно, денес да се работи многу поедноставно, побрзо, поекономично, попрецизно и со однапред предвидлив резултат. Тоа ќе придонесе за зголемување на бизнис можностите, раст, развој и експанзија на денталните ентитети. Во 90-тите години на минатиот век стоматологијата во нашата земја беше препознатлива по иновативен пристап и примена на најсовремени технологии, техники и материјали. Со забрзување на процесот на дигитализација сакаме да го вратиме стариот сјај на секторот и да ја позиционираме Македонија на светската дентална дигитална мапа“, истакна д-р Тања Дејаноска, претседател на Комората на приватно здравство.

Брзиот развој и напредок на дигиталните технологии отвори нови можности за широка примена на интраорални и лабораториски скенери, 3Д принтери, CAD-CAM технологии, 3Д софтверски решенија за компјутерско планирање и дизајн и напредок на постоечката компјутерска томографија, интегрирањето на вештачката интелигенција при оптимизација во работењето.

Комората на приватно здравство преку своите активности работи на обезбедување на поддршка за стоматолошките ординации, стоматолозите и забните техничари за поефикасна имплементација на дигитализација во стоматологијата преку  промоција и имплементација на дигитализацијата,  континуирана едукација  за дигитален начин на работа, трансфер на знаење од светски реномирани експерти од областа на дигитализацијата, примена на иновативни концепти и највисоки стандарди во работењето во современата дентална терапија, промена на пристапот и начинот на третирање на пациентите преку примена на дигитална дијагностика,  воведување на  CE сертифицирани едукативни програм, позиционирање и издигнување на денталните професионалци кои се занимаваат со дигитална стоматологија на ниво на дентални лидери, воспоставување и зајакнување на соработката со образовните институции како и со ИТ секторот.

„Воведувањето на дигитализацијата ангажира ресурси, како набавка на современи апарати, хардвер, софтвер но и обука за нивно користење. Комората работи на олеснување на пристапот до овие ресурси преку воспоставување на соработка со сертифицирани акредитирани обучувачи и веќе потпишавме Меморандум за соработка со најпрестижната академија International Digital Dental Academy (IDDA) од Лондон. Ќе воспоставиме и референтни центри за обука, а ќе се аплицира и во меѓународни фондови за обезбедување на се што е потребно за придвижување на овој процес на масовна дигитализација на денталниот сектор“, истакнува Дејаноска.   

Сподели: