До Државната изборна комисија до 20 часот вечерва кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори поднеле партиите ПДП, ЛП, Левица и Коалицијата за промени и правда.
Рокот за поднесување на кандидатските листи за изборите на 11 следниот месец истекува ноќеска на полноќ.
Истовремено на полноќ завршуваат и роковите за јавниот увид во Избирачкиот список, за пријавување на државјаните на Република Македонија за гласање во странство и за обновување на избирачкото право на лицата со спорни записи по последните теренски и административни проверки на Избирачкиот список.