ДИК: Поднесени 24 приговори за сумирање на изборните резултати

Сподели

Заврши  рокот за поднесување пријави до Државната изборна комисија за сумирање на резултатите од изборите. До истекот беа  поднесени се 24 пријави за сумирање на резултатите од изборите, потврди Државната изборна комисија.

Според информациите, две пријави поднела партијата ТМРО, една Алијансата на Албанците и 22 пријави ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, од кои, дел се за сумирање на резултатите, а дел за постапката за гласање.

До ДИК поднесени се и 59 приговори од граѓани за заштита на избирачкото право.