Вести Македонија

ДИК: Закажана седница за заклучување на избирачкиот список

Сподели:

dik-2-860x680

Државната изборна комисија денеска закажа седница, на која треба да го заклучи избирачкиот список и да го усвои изгледот на избирачкото ливче.

Покрај овие точки, според дневниот ред, на седницата на ДИК ќе се одлучува и за тоа како ќе гласаат лицата кои се во куќен притвор и лицата кои се членови на избирачките одбори, што го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва, односно во конзуларните канцеларии.

Исто така, ДИК на денешната седница треба да донесе заклучок за начинот на постапување на полицијата, за време на спроведувањето на изборите.

Сподели: