ДИК започна со дистрибуција на доверливиот изборен материјал

Сподели

Државната изборна комисија го презеде доверливиот материјал, гласачките ливчиња, материјалот потребен за претстојните претседателски избори, како и за вонредните избори за градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село.

-Се е подготвено. Членовите на ДИК го подигнаа материјалот и се упатија кон своите дестинации за да го достават тој материјал до ОИК. Се се одвива беспрекорно и сметам дека в недела ќе нема никакви проблеми во смисла на квалитетот на гласачкиот материјал, – изјави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Се предвидува распределбата на материјалите да заврши во текот на денешниот ден.