Димитров во Брисел: Македонија е незавршена работа за НАТО

Сподели:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел се сретнал со сенаторот Крис Марфи, копретседавач на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, на која учествуваше и Сузан Дел Бене од Претставничкиот дом на САД.

Димитров и Марфи размениле мислења за актуелните состојби во Република Македонија и Регионот, заеднички констатирајќи ги важноста и потребата од што побрзо евроатлантско интегрирање на Република Македонија.

Министерот Димитров го запознал сенаторот Марфи со реформските постигнувања во однос на евроатлантската агенда како и со актуелностите во процесот на разговорите со Грција во правец на надминување на разликата околу името.

„Република Македонија е незавршена работа за НАТО и во 2018 година се нуди одлична можност за заокружување на стратешката определба на македонските граѓани за полноправно членство во Алијансата. Напорно работиме на системските реформи во правосудството и разузнавачките системи и го засилуваме својот партнерски ангажман во борбата против глобалниот тероризам и екстремизам и градењето на мирот во Авганистан“, изјавил Димитров.

По престојот во Брисел, сенаторот Марфи ќе ја Македонија и ќе учествува на комеморативните настани по повод 75 годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија.

Сподели: