ДОМ: Позитивна кампања за зелена иднина

Сподели

Зелената партија ДОМ на овие парламентарни избори е дел од коалицијата „Можеме“ . Покрај учеството во заедничката коалициска кампања, ДОМ продолжува со својот пристап да води и самостојна позитивна кампања на социјалните медиуми со слоганот „Иднината е зелена!“.

ДОМ ги промовира зелените вредности: заштита на животната средина, почитување на човековите права и еднакви можности за сите, социјална правда и зелена економија базирана на обновлива енергија, енергетска ефикасност, органска храна, еко-туризам и смарт технологии.

Кампањата има и едукативна улога, за подигање на еколошката свест за потребата од целосна преобразба на Македонија во земја со одржлив развој и одлучна климатска акција, која што води сметка за природата и здравјето на граѓаните.
ДОМ има четворица кандидати за пратеници на листите: Маја Морачанин во ИЕ3, Мирослав Богдановски во ИЕ1, Ристенка Алтипармаковска во ИЕ5 и Ванчо Санев во ИЕ3.

Со почит,
ДОМ – Канцеларија за односи со јавност