Државна награда „11 Октомври“ за Венко Андоновски, Пандев, Касапи и Поповски 

Сподели:

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, донесе одлука за доделување на државната награда „11 Октомври“ за 2026 година. за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.                                                                                                            

Одборот одлучи наградата заа животно дело во областа на културата и уметноста, наградата да му се додели на проф. д-р Венко Андоновски, писател.

За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на проф. д-р Димитар Пандев, лингвист; на проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор и на проф. д-р Владо Поповски, доктор по историски, политички и правни науки.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2026 година во Собранието на Република Северна Македонија.       

Сподели: