Државниот архив и Завод за статистика договорија меѓусебна соработка

Сподели

 

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески имаше средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
 
 
 
 
На неа беа разменети искуства и мислења за досегашното и идно функционирање на двете институции и за актуелните проблеми со кои тие се соочуваат и кои имаат статус на републички управни организации.
 
Двајцата директори се договорија и за идните чекори на соработка, како и за можностите за преземање на архивскиот материјал од последниот попис на населението, што беше спроведен во 2002 година.