Вести Македонија Ударни вести

Државниот архив потпиша Протокол за соработка со НУБ ,,Св. Климент Охридски”

Сподели:

 

Државниот архив постојано ја развива меѓуинституционалната соработка во научната, образовната и истражувачка дејност.
 
Во рамките на овој приоритет денеска беше потпишан Протокол за соработка меѓу Државниот архив и НУБ “Св. Климент Охридски” од страна на директорите, д-р Емил Крстески и Јелисалвета Костадинова.
 
 
 
 
“-Двете институции се обврзаа да реализираат заеднички програми и проекти од областа на културата, науката и образованието, да организираат советувања, промоции и изложби, како и да објавуваат заеднички публикации во интерес на популаризацијата на нашата историја” – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.
 
Овој Протокол предвидува книжниот фонд со кој располагаат двете институции да им биде целосно достапен на вработените за истражувачки цели и заемна едукација на библиотечниот кадар и на кадарот што е посветен на заштита и реставрација на архивски документи.
Сподели: