Државниот врв утре на координативен состанок за предлозите на Нимиц

Сподели

Државно-политичкиот врв  утре ќе одржи координативен состанок на кој заеднички ќе ја разгледуваат иницијалната рамка за решавање на разликата околу името предложена од медијаторот Метју Нимиц.

Премерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, ќе бидат присутни на состанокот што ќе се одржи во Клубот на пратеници. Предивдено е да започне доцна попладнето во 18 часот, но изјави за тоа дали и што се договориле по завршувањето на средбата не се предвидени.

Оваа средба доаѓа по последната рунда преговори што се одржа на 17. јануари во Њујорк, на која Нимиц даде иницијална рамка за евентуално решение, а средбата на државниот врв и политичките лидери доаѓа по иницијатива на МНР.

Од Владата претходно веќе информираа дека започнале да ја разгледуваат и анализираат рамка од медијаторот, а по утрешната средба наредната недела во Скопје треба да дојде и Нимиц.